Оваа родителска навика креира најнарцисоидни деца!

Од:

Нарцизам – сите имаме некаква идеја за тоа што претставува овој феномен и како нарцисоидните луѓе влијаат врз околината. Можеби сте имале искуство со нарцис или сте слушнале за такво нешто од пријателите и семејството, но едно е сигурно, а тоа е дека таквите личности можат да бидат мошне непријатни.

– Наризмот како форма на пореметување на личноста е ментално пореметување, при кое личноста има нереална слика за својата важност, длабока потреба да биде обожувана и недостиг на емпатија кон другите. Но позади маската на неверојатната самодоверба се наоѓа ниско ниво на себепочитување, кое е ранливо и на најмалиот облик на критицизам, велат експертите.

Нарцизмот може да биде генетски одреден, но најчесто се развива како последица на одреден вид на воспитување од страна на родителите.

Истражувачите сакале да откријат, кој вид на воспитување најчесто доведува до креирање на нарцисоидни личности, така што тие испитале 565 деца на возраст од седум до 11 години. Тие исто така ги интервјуирале и нивните родители (415 мајки и 290 татковци).

Резултатите од истражувањето покажале дека родителите кои премногу ги величаат своите деца, им велат дека се супериорни во однос на другите и дека заслужуваат специјален третман мошне е веројатно дека израснат нарцисоидни личности. Ова особено е вистинито за деца меѓу седум и 11 години.

Истражувачите во записникот на Националната академија на науките наведоа: „Кога децата од нивите родители се гледани како да се поспецијални и повредни од другите деца, тие можат да развијат став дека се супериорни индивидуи, став кој е зачеток на нарцизмот. Но кога децата од нивните родители се третираат со љубов и почит, тие може да развијат став дека се вредни индивидуи, став кој е основа на вистинското себепочитување“.

Секако дека е важно да се покаже љубовта, но не и да им се вреже ставот дека тие ја добиваат вашата љубов, бидејќи се подобри од другите. Исто така треба да се има превид дека нарцизмот може да се развие поради потребата на детето да ја прикрие својата несигурност.

Постојат начини како да им се помогне на децата да се чувствуваат добро поради самите себе си, без при тоа да се развиваат нарцисоидни тенденции:

– Научете ги децата да се поврзуваат, а не да имперсионираат. Кажувајте им на вашите деца дека вие поминувате време со нив затоа што ги сакате, е не поради работите, кои можат да ги прават. Вашето дете ова ќе го проектира во натамошните односи со луѓето

– Учете ги на емпатија. Децата треба да научат дека нивното однесување може да повреди други луѓе. Со тоа што ќе ги учите децата да бидат свесни за емоциите на другите луѓе, вие им давате социјални вештини, кои ќе ги имаат во текот на целиот живот.

– Охрабрувајте го пријателството. Важно е да им дозволите на своите деца да градат пријателства. Пријателите ќе им ја кажуваат вистината и ќе ги научат дека не мора да бидат совршени за да бидат сакани.

– Бидете нежни. Во суштина повеќето нарциси, особено нарсицисоидните деца имаат ниско ниво на самодоверба. Дисциплината е важна, но спроведувајте ја со почит и гружа. Потсетете ги дека е во ред да прават грешки, но оти е важно и да се покајат и извинат. Тие знаат дека направиле нешто како што не треба. Научете ги да го сторат како што треба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска