Кога ќе се видите со другар, кој што прв пат станал татко, еве што можете да му кажете, без да стравувате дека ќе наидете на „нагазна мина“.
Кога мажот прв пат ќе стане татко, тоа што другите луѓе го зборуваат не го допира премногу. Или е толку многу восхитен или е толку многу уморен, што практично и не слуша што му се зборува. Или тоа што му го зборувате не го слуша. Или тоа што го зборувате не допира до мозокот.
Кажете му ги овие работи и се ќе биде во ред:
„Честитки“ – Секако ова е очигледно, но секој татко малку ќе „порасне“ во текот на тие 20-тина секунди тапкање по рамо.
„Како е мајката на бебето?“ – Сте му честитале на таткото, но немојте да заборавите да прашате како се чувствува личноста, која го направила најголемиот дел од работата околу доаѓањето на бебето на овој свет.
„Кој ни се роди?“ – Ако не можете да заклучите дали бебето е момче или девојче, прашајте. Таткото нема да се навреди.
„Дали ви треба помош?“ – Во првите неколку недели секој „новопечен“ татко се чувствува како супермен, но кога ќе попушти еуфоријата, сфаќа дека не знае на каде оди и секоја помош е добредојдена.
„Чекај, стигнуваш и да вежбаш?“ – Ова добро ќе го насмее…Не стигнува. И вие знаете дека не стигнува. Но убаво е дикретно да му ставите на знаење дека тоа не се забележува.
„Бебето ви е прекрасно“ – Ова тато и мама секако веќе го знаат. Тоа бебе е најпрекрасното бебе на светот, но на тато (секако и на мама) му е пријатно да го слушнат тоа и од вас.