ОУ„Петар Поп Арсов“ на Детската училишна евровизија

Од:

Основното училиште „Петар Поп Арсов“ од општина Карпош е единствениот претставник од Македонија на Детската училишна евровизија што се организира по деветти пат, а на која ќе учествуваат училишта од над 30 европски држави.

Секое училиште треба да прикачи видео запис со кој ќе ја претстави својата земја.

– Основците неколку девојчиња и момчиња од Карпош, на овој детски училишен фестивал ќе ја претстават Република Македонија со песната „Признавам“ од Маријана и Росана. Вметнувајќи фолклорни музички инструменти како тапан и кавал, во видеозаписот на интерпретацијата на оваа песна, македонската фолклорно-музичка култура ќе биде претставена во европски рамки, информираат од општина Карпош.

Крајниот рок за учество на манифестацијата е 11 мај, а на 14 мај, ќе биде прогласен победникот.

Би можело да ве интересира

Преживеана од нападот на Хамас ќе го претставува Израел на Евровизија

А1он

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ