Во Галеријата „Око“ се отвори изложбата „Рефлексии од реалноста“, чиј автор е Маја Анастасова Христова.
На изложбата се претставени триесетина дела од најновиот циклус на авторката.
Маја обработува навидум обична тема, во која се препознаваат архитектонски облици од урбаниот свет и градот, а застапени се и луѓето кои живеат во него.
Меѓутоа, со несекојдневниот пристап кон изработката на делата, таа создава нови претстави на навидум обичните глетки, на кои им дава ново постоење.
[nggallery id=119]
Групирани во диптиси и триптиси, сликите се дел од пошироки претстави, но композициски се компонирани да постојат и самостојно. Преку интензивниот колорит и комбинацијата на сликарски и цртачки елементи, со оваа своја изложба Маја ја претставува убавата страна на визуелното.