Отворен Аква парк во Прилеп

Од:

На површина од 4.500 метри квадратни во рамки на комплексот на хотелот „Салида“ синоќа во Прилеп беше отворен Аква парк.

– Прилеп доби Аква парк, еден од помодерните во Македонија, пред се за сите прилепчани и за целиот регион. Аква паркот располага со топогани, базен за деца, базен за возрасни, шанкови во вода, лизгалки, бина, административна зграда со ресторан, кафе-барови, санитарни јазли, туш кабини, соблекувални и прва помош, информира сопственикот на Аква паркот Ице Ѓорѓиоски. Додаде дека имаат подготвено забава за децата, младите и за повозрасните, а цената за користење на Аква паркот е 150 денари.

За градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески Аква паркот е нова атракција во градот.

– Ова е еден од поубавите приватни проекти на фирмата „Салида“. Со помош на локалната самоуправа, со промена на генералните и деталните планови овој проект беше ставен и во нашата програма како примарна инвестиција за овој период. Проектот е интересен и ќе значи многу за развојот на спортот, забавата, како и за развојот на туризмот во градот, изјави Ристески.

Објектот поседува и стандардизирани машински сали и современ систем за филтрација на водата.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски