Во кафе Галерија 8 во Старата скопска чаршија вечер ќе биде отворена изложбата „Интимна рефлексија“ на академската сликарка Наталија Пулејкова-Радеска.
Делата кои се претставени на изложбата ги отсликуваат личните случувања на авторката, потрагата и перцепцијата како рефлексија на реалноста, каде преку емоцијата се поврзува со интимата на душата која ја чува вистината за вљубеноста, радоста, тагата, болката, среќата, конфузијата, возбудата.
Тие се создавани во период од 2005 до 2009 година.