Открил грешка во банкоматот, па извлекол дури 1,6 милиони евра

Од:

29-годишниот австралиски шанкер Ден Саундерс во 2011 година бил излезен и пиел со пријателите во неговиот роден град Вангарата, три часа северно од Мелбурн, кога сосема случајно го „открил“ пропуст во банкарскиот систем што го направило накратко богат.

Излегол од локалот за да подигне готовина од банкоматот и открил дека банкоматот му дозволува да подигне многу повеќе пари отколку што имал на салдото. По неколку обиди, 29-годишникот сфатил дека нашол дупка во системот и за брзо време се збогатил. Во измамата која траела пет месеци, Ден успеал да потроши околу 1,6 милиони долари од парите на банката. Тој организирал раскошни забави, изнајмувал приватни авиони и им плаќал школарина на пријателите, се додека што и не е изненадување, не беше фатен од полицијата.

Тој опиша како сфатил дека банкоматот му дава пари, но состојбата на сметката му останувала иста.

„Бев надвор ноќе, се обидов да префрлам пари од кредитна картичка на штедната книшка и да го проверам салдото на мојата сметка, но банкоматот постојано ми велеше: „Состојбата на сметката не е достапна во моментов“. Повторно кликнав за да го направам трансферот и така банкоматот ми напиша „трансакцијата е откажана“ и ми ја врати картичката, мислев дека е многу чудно, па решив да се обидам да повлечам 200 долари од мојата штедна сметка само за да видам што ќе се случи, банкоматот ми ги исфрли парите, па се вратив во барот и продолжив да пијам. Откако излегов од барот си одев дома и поминав на истиот банкомат. Мислев колку е чудна целата работа па ја вратив картичката и почнав да играм. Префрлив уште 200 долари и ги извадив парите Потоа 500 долари, па 600 долари, само за да видам што ќе се случи. Тоа беше како магичен круг“, изјави Ден за австралиските медиуми.

Тој рече дека следното утро мислел дека сето тоа го сонувал, па се јавил во банка за да добие извод за состојбата на неговата сметка. Тогаш сфатил дека има разлика помеѓу она што му го дал банкоматот и салдото на банката, што значело дека се што вадел од штедната книшка воопшто не било симнато или регистрирано. Тој сфатил дека со ноќен трансфер од неговата кредитна и штедна сметка во исто време кога банкоматот е офлајн (помеѓу 1 и 3 часот по полноќ), може да добие пари што ги нема.

Ова во суштина му овозможи да создаде „бесконечни пари“ со префрлање готовина помеѓу неговите две сметки. Трансакцијата би се регистрирала во банката до следниот ден, но тој секогаш можеше да повлече повеќе пари по полноќ. И така настанал вртлогот кога Ден одлучил да ја искористи оваа грешка, опишувајќи го како „зависност“. „Се чувствував како пештерски човек кој открил оган“, изјави тој за VICE.

Ден почнал да влече по стотици долари за една ноќ. Дури и кога неговото „вистинско“ банкарско салдо паѓало сè подлабоко во црвено, тој продолжил едноставно да печати бесплатна готовина. Тој потрошил вкупно околу 1,6 милиони долари користејќи го неговиот систем за измама. Но, на крајот го фати вината за она што го правеше – бил совладан од анксиозност поради она што го направил.

Ден потоа му се доверил на својот терапевт кој го советувал да се предаде. Често сонувал дека го фатиле и имал кошмари. Три години по измамата, Дан беше уапсен и обвинет по 111 точки за измама и кражба. Во мај 2016 година, Ден го напуштил затворот откако помина една година зад решетки – и се вратил на работа во бар за 12,50 долари на час.

Би можело да ве интересира

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје