Врз основа на сликата на мостот кој се наоѓа во позадината на портретот на Мона Лиза, експертите заклучиле дека познатото дело на Леонардо настанаЛО покрај селото Бобио, во северниот дел на Италија.
Италијанската историчарка, Карла Глори го гледала малиот мост со три пристаништа кој се гледа зад Мона Лиза и заклучила дека иста таква градба се наоѓа кај селото Бобио.
Нејзиниот колега Силван Винсенти тврди дека под мостот на сликата се наоѓаат броевите седум и два и смета дека сликарот намерно ги забалежал со цел пределот да биде идентификуван.
Броевите би можеле да се однесуваат на 1472. година во која споменатиот мост настрадал во поплава.
Иако Мона Лиза е создадена меѓу 1503. и 1506 година и натаму не се разрешени сите мистерии скриени во ова уметничко дело.