Откриена тајната стара 350 години: Зошто нишалата на часовниците секогаш се синхронизирани

Од:

Научниците успеаја да разрешат една мистерија стара повеќе од три века – зошто нишалата на ѕидните часовниците поставени еден покрај друг автоматски се синхронизираат.

Оваа необична појава дека нишалата на часовниците обесени на ист ѕид се движат усогласено, уште во 1665 година ја забележал холандскиот физичар Кристијан Хујгенс. Тој заклучил дека независно од почетната положба, нишалата набрзо се усогласуваат.

Мистеријата долго време беше нерешена, но сега група научнициите од Универзитет во Лисабон во списанието „Нејчр“ објавија заклучок од нивното истражување во кој се тврди дека звучните импулси – звучниот бран е преносник на енергијата – преминуваат од еден часовник на друг и така се нишалата се усогласуваат.

Научниците го потврдија својот теоретски модел со помош на два часовници со нишала поставени на алуминска плоча прикачена на ѕид. Тие заклучиле дека на промената на брзината на движењето на нишалата влијае звучниот импулс.

– Освен што е откриена старата тајна, откритието отвора пат за разбирање на другите типови на осцилатори, како електронските, изјави еден од авторите на истражувањето Луис. В. Мело.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска