Откриена најдлабоката точка на Земјата, три и пол километри под морското ниво

Од:

Најдлабоката точка на континенталната кора на Земјата е идентификувана во источниот Антарктик, под глечерот Денман, пренесуваат странските медиуми.

Овој кањон исполнет со мраз достигнува дури 3,5 километри под морското ниво, пренесува Би-Би-Си. Откритието е илустрирано во новата карта на Белиот континент што открива форма на корито под ледениот слој.

Карактеристиките на овa корито ќе бидат клучни за нашето разбирање за тоа како може да се промени поларниот југ во иднина.

За споредба, најниката точка досега беше измерена на брегот на Мртвото Море и е само 413 метри под нивото на морето.

„Ова несомнено е најточна слика за она што се наоѓа под ледената плоча на Антактикот. Рововите во океаните се подлабоки, но ова е најдлабокиот кањон на копно”, објасни Матиу Морлигем, која шест години работеше на проектот за откривање на најдлабоки точки на Земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Научници го пресоздадоа гласот на древна мумија

Ана Ололовска

Босанците крстија ѕвезда и планета по Босна и Неретва

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мистериозен сигнал открива нов вид ѕвезден систем

Татјана Ташкова

Писмо на Ајнштајн од 1950 година на аукција во Ерусалим

Ана Ололовска

Јапонците разработуваат теорија за долговечноста

Ана Ололовска

Јапонски научници оживеаја мозок од мртов глушец

Ана Ололовска