Откриен начин за „замрзнување“ на стареењето

Од:

Научниците откриле начин да ги „замрзнат“ клетките на кожата, со цел да не стареат. Тие можат да бидат заменети во матични клетки и подоцна да се користат при операција за подмладување.

Оваа нова техника, која веројатно ќе чини околу 48.000 евра, е веќе достапна, иако научниците се надеваат дека ќе им помогне и на пациентите со големи лузни или повреди.

Процедурата вклучува земање примерок од кожата и крвта на клиентот, а потоа и нивно складирање. Примероците се преработуваат за да станат матични клетки, кои ќе можат да се развијат во било кој тип на ткиво.

Се чуваат на температура од минус 180 степени Целзиусови и тоа во три банки – во Сингапур, Дубаи и Швајцарија.

Сингапурската компанија „Счеил“, која стои зад процедурата, е прва во светот која ја понуди оваа услуга. Таа ветува дека ќе ги чува клетките на секој клиент се до неговата смрт.

Оваа технологија има потенцијал да го смени текот на стареењето, па дури и да излекува некои болести и да поправи оштетени ткива.

Се препорачува секој што е заинтересиран да даде примерок тоа да го напарави на помлада возраст. Со тоа сочуваните клетки ќе ја задржат сегашната состојба, додека останатите ќе продолжат да стареат.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска