Научниците во Англија откриле хормон кој би можел да активира полови хормони потребни за овулација и плодност.
Кишпептинот е главен регулатор на репродукцијата и луѓето без тој хормон не преминуваат низ пубертет.
Пет неплодни жени, кои немале менструален циклус добиле инјекција со кишпептин, што резултирало со 48 пати поголемо лачење на лутеинизирачкиот хормон и за 16 пати зголемено лачење на фоликуло-стимулирачки хормон.
Истражувачите од познатиот британски Универзитет Империјал во Лондон, сметаат дека нивното откритие би можело да доведе до нов начин на лекување на неплодноста кај жените, кај кои нивото на полови хормони е ненормално низок.
Лидерот на истражувањето, д-р Валјит Дило, вели дека истражувањето покажува дека кишпептинот многу ветува во лекувањето на неплодноста, затоа што резултатите покажуваат дека лекувањето со него би можело да ја врати репродуктивната функција кај жените кои имаат ниско ниво на полови хормони.
Инаку, еден од седум парови имаат проблем со репродуктивноста, иако многу од нив всушност и не се неплодни.