Откажан Филмскиот фестивал во Пула

Од:

Хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита одлучи да го откаже годинашниот Филмски фестивал во Пула, поради влошената состојба со врска корона-епидемијата.

„Се проценува дека собирите на голем број луѓе претставуваат настани со висок ризик за ширење на коронавирусот. Ова за кусо време може да го зголеми бројот на заразени и болни и дополнително да го загрози здравјето на населението во округот Истра. Така би се оптоварил и здравствениот систем во округот“, се вели во соопштението.

Организаторите нагласија дека фестивалот се приклучува кон општата општествена одговорност со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во Хрватска.

„Наредните неколку дена ќе објавиме алтернативни начини за одржување и прикажување на фестивалската програма“, се додава натаму во известувањето.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ