Американскиот рапер Кание Вест беше критикуван остро поради одлуката да пее на свадбата на вникот на претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев.
Критиките му ги упати американската невладина организација Фондација за човекови права, чиј шеф е поранешниот руски шампион во шах, Гари Каспаров.
Според него, во Казахстан музичари како Кание, чија професија е да изразуваат мислење преку музиката, се апсени и семејства на дисиденти се киднапирани.
Раперот добил три милиони долари за настапот кој бил изненадување од Нурсултан Назарбаев за внукот. Пред две години Стинг откажа настап во Казахстан додека пејачката Џенифер Лопез се извинуваше откако испеја Среќен роденден на претседателот на Туркменистан – држава позната по еден од најрепресивните режими во светот.