На прв поглед се чини дека водителката Едвина Бартоломју го избра вистинскиот фустан за овогодишното доделување на Оскарите.
Горда на својот изглед во тоалетата дизајнирана од австралиската дизајнерка Рејчел Гилберт, Бартоломју објави неколку фотографии од црвениот тепих на социјалните мрежи, но набрзо под нив почнаа да пристигнуваат коментари, кои и не беа многу позитивни.
– Изгледаш убаво, но зошто на фустанот се наоѓа твојата матка, напиша еден нејзин обожавател на Инстаграм.
– Твоето лице и тело се совршени, но извини, таа работа на фустанот изгледа како дел од женска физиономија. Знам дека не сум едниствна личност која го мисли тоа, е еден од коментарите на Фејсбук.
– Ако ги остраните женските гениталии од фустанот, тој би бил совршен, гласи трет кометар.