Осигурителната компанија на Амбер Херд не сака да плати отштета на Џони Деп

Од:

На Амбер Херд ѝ беше наложено да му плати на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп 10,35 милиони долари како компензација и казнена отштета, откако поротата во Вирџинија пресуди дека го клеветела кога во 2018 година напишала статија дека е жртва на семејно насилство.

Актерката се надеваше дека нејзината осигурителна полиса кај New York Marine и General Insurance Co. ќе покрие дел од сумата.

Сепак, иако полисата покрива различни видови незаконско однесување, вклучително и клевета, „ТМЗ“ забележа дека според законот во Калифорнија – кој ја регулира полисата – осигурителната компанија не е обврзана да плати доколку осигурената страна се однесува недолично со намера, а компанијата нотира дека поротата не само што утврди намерна клевета, туку и злонамерна.

Осигурителната компанија „Њујорк марине“ бара изјава од судијата дека врз основа на правилата и законот, тие не се одговорни да ја платат отштетата за Амбер.

Би можело да ве интересира

Амбер нема пари да му исплати на Џони Деп

ВО ЖИВО: Донесена пресуда во случајот Џони Деп-Амбер Херд

А1он

Продуцентите лути на Џони Деп поради разголените сцени на поранешната сопруга

Наум Локоски

Амбер Херд ја потврди својата врска со еден од најзгодните милијардери во светот

Наум Локоски