Општина Штип ќе издвои дополни средства за наградите за фестивалот „Макфест“

Од:

Општина Штип денеска одлучи паричниот фонд за награди за годинашниов „Макфест 2017“ да биде повисок од оној кој со анекс им го понудило Министерството за култура. Ова денеска го соопштија претставниците на организацискиот одбор на Фестивалот за забавна музика „Макфест“.

– Општина Штип како главен организатор донесе одлука паричниот фонд да биде на средина, значи ниту по предлог на Министерството, ниту по претходниот преддоговор. Првата награда е во вредност од 5.000 евра, втората 4.000, а третата од 3.000 евра. Останатите награди како што се дебитант или сценски настап остануват во вредност од 500 евра, информира Драган Ристов од прес-центарот на фестивалот „Макфест“.

Според техничкиот директор Кирил Панајотов, општината има средства за исплата на наградите.

– Согласно годишната програма за култура која ја усвои Советот на општината, за „Макфест“ годинава се предвидени четири милиони денари. Со тие пари можат да се покријат наградите со цел да бидеме коректни кон авторите и изведувачите кои на јавниот конкурс се пријавија под познатите услови, истакна Панајотов.

Според него, со објавувањето на новиот конкурс за проекти од национален интерес на Министерството за култура за идната година ќе се знаат новите услови за, како што рече, да не се случува измена на одлуки на само една недела пред фестивалот.

Од денеска почнува конструкцијата на сцената во Домот на културата и оперативно почнува реализацијата на „Макфест 2017“.

Би можело да ве интересира

Со закани изнудиле 500 евра, запалиле автомобил – притвор за двајца штипјани

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Со „југо“ удрил во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот

33-годишен маж од Штип во напуштен објект ја убил својата вонбрачна партнерка

Горан Наумовски

Запалено возилото на поранешниот началник на СВР Штип

Катерина Ѓуровски

Штипјанец ги нападнал членовите на неговото семејство