Филмскиот режисер, Оливер Стоун познат по острата критика за надворешната политика на американската власт, на својот профил на „Фејсбук“ објави дека стравува од она што денес се случува во светот, пред се во Украина, каде што САД активно се мешаат.
Тој поради крвавите воени операции во појасот Газа, израелскиот претседател Бенамин Нетанјаху го нарече „бесно куче“.
Оскаровецот во својот текст на „Фејсбук“ констатира дека глобалната хегемонија, кон која тежнеат САД не им носи ништо добро на граѓаните, ниту на светот и ги предупреди Американците дека агресивното мешање во работите на Источна Европа може да има трагичен крај за нив.
-Не сакам да сеам паника во каков било облик, но моментало стравувам. Невозможно е да молчам, додека ја гледам оваа несреќа, која се шири низ светот. Бесното куче продолжува да ја намалува репутацијата на САД во цивилизираниот свет со варварско крвопролевање во Газа. Навистина тоа нема да ги принуди САД да скршнат од кобниот пат кој води во Источна Европа- напишал Стоун.
Во врска со неодамнешната изјава на Обама, дека луѓето очигледно заборавиле дека Америка како најсилна држава на планетава, се уште нема комплетна контрола над светот, Стоун вели дека кога подобро ќе се размисли се наметнува прашањето , од кога глобалната доминација е официјална политика на САД.
Режисерот им препорача на своите следбеници да се потпираат на новинари како што се Пепе Ескобар и Роберт Пери, како и на историчарот Стивен Коен, лица кои имаат независен поглед на она што денес се случува во Украина.
Е. Г.