Оланд ги отвори вратите за посетителите на Елисејската палата

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд и неговата сопруга Валери Тривелер ги дочекуваа денеска посетителите во својот официјален дом, раскошната Елисејска палата.

Претседателот и првата дама се ракуваа и потпишуваа автограми на многуте љубопитни посетители кои чекаа во долги редици за да ја видат внатрешноста на палатата од 18. век која специјално е отворена за јавноста.

„Јас сум овде само потстанар. Вистинскиот сопственик е народот“, рече Оланд за француската телевизија.

Освен во Елисејската палата, посетителите оваа година можеа да се прошетаат и во кулата со часовник на железничката станица Гар де Лион, како и во резиденцијата на британскиот амбасадор во Париз.

Сепак, најголем интерес имаше за зградата во улицата Ке дез Орфевр со број 36, историското седиште на париската судска полиција, која парижаните ја нарекуваат „храм на криминалот“.

Тука се наоѓаат канцелариите на криминалната бригада на француската полиција, која во своите романи преку инспекторот Мегре, најпопуларниот детектив на француската книжевност ја овековечи Жорж Симеон. Тоа е местото и низ кое поминаа некои од најопасните француски криминалци.

Криминалната бригада, која избегнува било каков публицитет, одлучи оваа година да ја отвори вратата за јавноста, по повод 100. години од основањето.

Би можело да ве интересира

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“