Оксфорд: „Вакцина“ е збор на годината

Од:

Поимот „vax“ и изведенката „vaxxed“ (на македонски: „вакцина“ и „вакциниран /-а, -о, /-и“) се избрани за поим на годината, според лексикографите на Оксфордскиот речник на англискиот јазик (ОЕД), јавува Би-би-си.

Употребата на зборови поврзани со вакцините нагло се зголеми во 2021 година поради Ковид-19, при што особено често се користат помите „двојно вакцинирани“, „невакцинирани“, „антиваксери“ итн. Главната уредничка на ОЕД, Фиона Мекферсон смета дека, бидејќи „оставил највпечатливо влијание во општеството“, зборот бил нивниот очигледен избор.

– Популарноста на овој збор датира, барем, од 1980-тите, но според нашиот корпус, тој ретко се користеше до оваа година, вели Мекферсон. – Додадете го на таа разновидност и зборот „vaxxie“ (самослик додека ја примате вакцината), „vax-a-thon“ (масовна вакцинација), „vaxinist“ (оној што се фали дека примил вакцина и ја промовира на различни начини) – па, станува јасно зошто зборот „вакс“ е тој што се издвојува од купот други зборови, објасни таа.

Инаку, и „vax“ и „vaxx“ се прифатени во англискиот правопис, но зборот со единечното ‘х’ е почест во употреба.

Би можело да ве интересира

Четири фактори кои одредуваат дали вакцинираните ќе се заразат со Ковид-19

Катерина Ѓуровски

ЕЦДЦ: Засега нема итна потреба од трета доза вакцина за општата популација

Една доза вакцина значително ја намалува опасноста од зараза со Ковид-19

Тајван се жалеше дека не може да дојде до вакцини поради Кина, сега САД му донираат 750 илјади

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во метежот за вакцини и ваучери од 25 евра, еден дедо си ја изгуби бабата

А1он

Брнабиќ: Во Србија ревакцинирано 20 отсто од населението