Охридски и струшки музичари најавија голем концерт со безвременските хитови на „Пинк Флојд“

Од:

Единаесет музичари од Охрид и Струга на 26 јули на големата сцена кај Долни Сарај во Охрид ќе одржат концерт со избрани хитови на светски познатата рок група „Пинк Флојд“.

На денешната прес-конференција по повод проектот насловен „NUMB Tribute to Pink Floyd“ беше истакнато дека иницијативата за организирање таков концерт произлегла од влијанието што врз младите музичари ги оставиле нивните родители и повеќето генерации луѓе кои израснале со музиката на „Пинк Флојд“.

– На иницијатива на нашиот гитарист Анатолиј Арнаудоски, кој беше иницијатор на овој проект, се одлучивме за еден ваков поголем чекор. Веќе неколку месеци напорно вежбаме и се подготвуваме за премиерата. Имаме уште време и секако дека ќе направиме песните да звучат онака како што треба затоа што Pink Floyd не само што се слуша, туку и се гледа. Сакаме да го изведеме проектот на неколку сцени во државата, но ако има интерес би сакале да го прикажеме и надвор, истакна Ѓоко Танески кој исто така е дел од проектот.

Танески нагласи дека музиката е единствената работа во светот која ги обединува луѓето, а ако е квалитетна и базирана врз вистински емоции, нејзината вредност и трајност е уште поголема.

Учесници во проектот се Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владомир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (сајзери), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали.

Подготовките за концертот траат веќе неколку месеци, а ќе се изведат некои од највредните дела на култните Pink Floyd. Тука се „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште 12 безвременски хитови, кои го одбележаа музичкиот карактер и насока на една цела генерација,.

„Пинк Флојд“ е една од највлијателните и најуспешни рок-групи на сите времиња. Со својата квалитетна мелодика и извонредна хармонија има обезбедено почесно место во историјата на рокот и е на самиот врв на светската музика. Ако за некоја музичка група може да се каже дека ги премостила психоделичниот рок од 60-тите години на 20 век и електронските рок-експерименти од 70-тите години, сигурно тоа се култните „Пинк Флојд“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on