Охрид влезе во шпицот на главната туристичка сезона

Од:

Македонскиот туристички и летен клултурен центар, Охрид со овој продолжен празничен викенд влезе во шпицот на главната туристичка сезона.

Преполнетите плажи, колоните возила кон излетничките места, како и преполните паркинг простори, говорат дека Охрид деновиве е исполнет со гости и викендаши.

Хотелиерите и оние кои нудат приватно сместување се задоволни, иако слободни места се уште има. Задоволни се и сопствениците на ресторани и кафулиња кои се исто така, полни во претпладневните и вечерните часови.

Од странство најбројни се гостите од Холандија, потоа од Србија и Бугарија.За викендот допатуваа многу гости од земјата, пред се, сопственици на викендички и станови од Скопје, Битола и други места.

Во прилог на туристите се и бројните културни манифестации.Театарски и музички претстави на фестивалот „Охридско лето”, бројни изложби, настапи на пеjачи на отворено и во рестораните, диџеи во ноќните клубови.

Од петокот навечер, Охрид пулсира во вистинска летна атмосфера.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид