Оглас за работа: Се бара Џејмс Бонд

Од:

На сајтот на британската влада се појави оглас во кој тајната известувачка служба MI6 бара лице на позицијата таен агент со „дозвола за убивање“, пренесува сајтот Скај Њуз.

Огласот кој подоцна се испостави дека е лажен, е поставен во петокот на официјалниот сајт на владата Directgov.co.uk, на страната на министерството за работа и пензии.

Покрај другото, од потенцијалните кандидати се барало да бидат снаодливи, да бидат подготвени да ја напуштат државата на неконвенционален начин.

За избраниот кандидат наводно требало да се обезбеди посебна опрема за остварување на мисиите, а понудената плата била од 50.000 до 60.000 фунти, плус бонус за секоја успешно извршена задача.

Портпаролката на MI6 изјавила дека британската влада не сака да регрутира убиец, дека огласот е лажен и дека не е познато кој го поставил. Огласот е набрзо избришан.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство