Официјално отворен фестивалот „Егзит“

Од:

Фестивалот „Егзит“, кој годинава на Петроварадинската тврдина се одржува по 18-ти пат, синоќа го имаше најспектакуларното отворање досега, со огномет, каков што ретко се гледа.

Свеченото отворање започна во 23 часот со одбележување на 50-годишнината од „Летото на љубовта”, како што и гласи слоганот на овогодишното издание на фестивалот.

На 50-минутниот спектакл се обрати и светски познатиот хуманист Ник Вујичиќ и активисти на Стендинг рок.

Вујичиќ порача дека и покрај сите препреки во животот, луѓето мораат да веруваат во себе. Натаму, тој говореше и дека парите и сексот не се се во животот, туку најважни се љубовта и почитта кон оние што ги сакаме.

По инспиративниот говор, посетителите имаа можност да уживаат во 10-минутниот огномет проследен со музички микс.

Половина час по полноќ почна настапот на ѕвездата на вечерта Лиам ​​Галагер – поранешниот фронтмен на „Оејзис” и „Биди Ај”, кој важи за еден од најпрепознатливите британски музички ликови. Бројните негови фанови се потсетија на легендарните хитови како „Songbird” и „I’m outta time “.

Какo предгрупа настапија момците од „Обојени програм”, а потоа на сцената се појави и шкотскиот алтернативен рок бенд „Џизас енд Мери Каин”.

Веќе со години МТС арената привлекува се поголем број посетители со својата исклучиво богата и квалитетна програма која секоја година е се поспектакуларна, па тоа се потврди и со синоќешниот спектакл.

Би можело да ве интересира

Маж падна од ѕидините на Петроварадинската тврдина

(ВИДЕО) Македонскиот бенд BDM годинава ќе настапи на EXIT

Последното одбројување започна: EXIT стартува за 10 дена

„Егзит” во Струмица

Горан Наумовски

Основачот на Егзит ја покани финската премиерка на фестивалот Sea Dance

Горан Наумовски

На првиот ден од Егзит запленети се повеќе од шест килограми дрога