Односот татко – ќерка го одредува нејзиниот иден љубовен живот

Од:

Често пати таткото е тој кој ќе биде модел за изборот на идниот партнер на своето мало девојче, затоа е важно татковците да бидат свесни за тоа и да им даваат добар пример на своите ќерки, советуваат психолозите.

Во текот на животот градиме многу односи и секој е посебен на свој начин, но еден од односите, кои најмногу ни го одредува правецот на животот е оној што го градиме со родителите.

Секако двајцата родители се важни за здраво и избалансирано растење, но сепак често само со еден од нив создаваме посебен однос. Често пати мајките се поврзуваат со синовите, а ќерките со татковиците. Односот татко-ќерка е посебен по многу нешта може да го одреди животот на нивната ќерка.

Таа е негова мала принцеза и секогаш така ќе ја доживува без разлика на која возраст е. Таа повторно ќе се му се обраќа во моментите кога и е потребно посебно разбирање и заштита.

Таткото ќе биде модел за избор на личност од спротивниот пол, но и повеќе од тоа, тој со своето однесување и постапки ги поставува стандардите за идниот живот на неговата ќерка и за нејзините очекувања од партнерот.

Затоа мошне е важно татковците да бидат свесни за тоа и со малку помош од мајката да постават за своето девојче важни стандарди и параметри во животот.

Психологот, Др. Џениер Кромберг посвети многу време на оваа тема и заклучи дека татковците на девојчињата им обликуваат свесни и потсвесни очекувања. И тоа почнува со изгледот и често девојчињата ќе сакаат мажи физички слични на таткото. Можеби и на вас ви се случило ќерката да се затрча кон некој, за кој мислела дека е нејзиниот татко, а се испоставило дека тоа е само некој кој е сличен на него.

Експертите сметаат дека таквите ситуации не се само резултат  на површната сличност, туку и знак на нешто подлабоко. Децата во најраните денови од животот се што учат за светот прво учат од родителите и од нивното однесување.

Односот со таткото, покажаа истражувањата, е поврзан со општествената стабилност и постигнувањата во училиштето, но според истражувањата објавени неодамна во  Journalu of Genetic Psychology, ги одредува и идните љубовни врски на ќерката.

Татковците често пати се согласуваат да го сторат сето она што мајките не сакале да го направат, затоа што не можат да му оддолеат на шармот на своите ќерки.

Колку и да е слатко и неодоливо вашето девојче имајта на ум дека во воспитувањето е најважна доследноста, она што едниот родител ќе го одлучи другиот мора да го поддржи.

Доколку таткото и посветува големо внимание на својата ќерка, но се однесува недолично кон другите жени во својот живот, ќерката нема да го „апсорбира“ само односот што го имал со неа, туку неговото однесување кон другите жени. Освен тоа и мажите можат покрај своето девојче да научат нешто повеќе за жените.

Интересно е дека влијанието на таткото врз детето се остварува без оглед дали таткото е биолошки или не. Сепак често новиот сопруг на мајката може да оствари подобар однос со детето отколку неговиот биолошки татко.

Значи,  во тој однос е најважно, истакнува Кромберг, да се воспостави почитување и разбирање, односот да се заснова на искрен разговор, на емотивно поврзување и едукативно дејствување.

Дури и тогаш кога младата жена од некоја причина не го следи примерот на таткото, поточно не бара физички или психички сличен партнер, истакнува др. Кромберг, дури и оние кои одат спротивно од примерот на таткото, го користат таткото како ориентација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска