Во денешно време луѓето многу време поминуваат покрај компјутерот не само заради работата која ја вршат туку и поради профилите кои ги имаат на социјалните мрежи како и поврзаноста со луѓето. Меѓутоа морате малку и да одморите од компјутерот и да ги заштитите вашите очи.
Еве неколку совети како да се оттргнете од компјутерот или барем да ја намалите штетноста врз себе.
1. Мониторот на компјутерот на кој редовно работите прилагодете го на себе, бојата, контрастот како и другите параметри кои ќе ви помогнат да не ви се заморуваат очите
2. Купете очила кои се наменети за работа на компјутер. На тој начин ја намалувате можноста да ги оштетите очите.
3. Кога читате нешто на компјутер зголемите ги буквите за да не се напрегнувате дополнително.
4. Прилагодете ја големината на страницата на мониторот и зголемете ја толку колку што е потребно.
5. Намалете ја резолуцијата на компјутерот бидејќи таа се однесува на хоризонтални и вертикални линии.
6. Доколку долго време гледате во мониторот од време навреме одмарајте ги очите. Доволно е да го тргнете погледот од мониторот на 30 секунди
7. Ако долго сте пред компјутер постои можност да го оштетите рбетот. Обидете се малку да станувате и да се исправите за да ви проработи циркулацијата.