Обнова на операта „Лидија од Македонија“

Од:

Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена обновената опера „Лидија од Македонија“ на композиторот Ристо Аврамовски, во режија на Пламен Карталов  од Бугарија и диригентство на Алесандро Д’ Агостини од Италија.

Солисти во оперската претстава се Весна Гиновска-Илкова, Игор Дурловски, Горан Начевски, Ѓорѓи Цуцковски, Ернес Ибраимовски, Ана Ројдева-Талевска, Олгица Милевска, Марика Поповиќ, Катерина Бошковска, Игор Гиновски, Димитар Кожухаров, Дејан Стоев, Зоран Даскаловски, Кристијан Антовски, Викторија Јанкуловска и Драган Ампов.

Операта во два чина беше праизведена на 9 мај 2005. Автори на либретото се Ги Шелеи и Дора Петрова од Франција, а на препевот – Лилјана и Јордан Плевнеш.

Изведбата на „Лидија од Македонија“ во МОБ е централна манифестација на одбележувањето 68 години од ослободувањето на Скопје.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“