По 15 месеци им го уништија медениот месец на принцот Вилијам и Кејт

Од:

Австралиското списание „Вименс Деј“ по првпат досега објави тајно снимени фотографии од медениот месец на британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кетрин Мидлтон.

Фотографите се појавуваат по повеќе од една година од нивната венчавка во Лондон, на крајот од април минатата година.

Идниот британски крал и неговата сопруга, кои сега ги имаат официјалните титули војвода и војводка од Кембриџ, медениот месец го минаа на Сејшелските Острови во Индискиот Океан, но претходно побараа од медиумите да ја почитуваат нивната желба за приватност.

Ниту еден британски весник или телевизиска станица досега не објави снимки, ниту детали од нивниот десетдневен престој на Островите по нивната венчавка.

На фотографиите, што ги објавува австралиското женско списание се гледа како Вилијам и Кетрин се шетаат прегрнати, како се одмораат на плажа, при што младиот принц е снимен во гаќички за капење, а Кетрин Мидлтон во црн бикини. Некои од објаваните фотографии се недоволно јасни, што наведува на заклучок дека се снимани со телеобјективи и од поголема далечина.

Засега не се знае како снимките се направени кога никој немаше достап во хотелот, ниту во неговата близина. Редакцијата на австралискиот весник одби да одговори од каде и како се набавени фотографиите и соопшти дека нема да реагира на критиките од Лондон.

Службената резиденација на младата брачна двојка, Кларенс Хауз денеска го осуди појавувањето на фотографиите и побара од медиумите да ја почитуваат нивната желба за приватност, затоа што нивниот одмор беше приватен.

Ова не е првпат британското кралско семејство да има проблеми со австралските медиуми. Еден австралиски весник прв откри дека принцот Хари во 2008 година е со британските војници во Авганоистан. По објавувањето на фотографиите на Хари тој итно беше повлечен од провинцијата Хелманд, каде беше безмалку два месеци.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство