Американскиот претседаѕел Барак Обама постави светски рекорд во најбрзо собирање следбеници на социјалната мрежа Твитер, објави Гинисовата книга на рекорди.
Како што јави ТАСС, Обама го отвори својот налог на Твитер, @POTUS (President Оf Тhe United States – Претседател на Соединетите Држави) во понеделникот и за само пет часа собрал еден милион следбеници.
Досегашниот рекорд во добивање следбеници на Твитер го држеше актерот Роберт Дауни Џуниор, кој лани во април дојде до цифрата од еден милион следбеници за 23 часа и 22 минути.
До вчера налогот на Обама достигна до бројката од 1,5 милиони следбеници.