Ново кафе наречено „Смртна желба“

Од:

За оние на кои им е потребно јако кафе за освестување наутро и за одржување на концентрацијата на работа, една американска компанија го производе досега најјакото кафе кое содржи 200 пати поголемо количество кофеин од класичното кафе.

Станува збор за кафето „Смртна желба“, кое е толку јако што на неговата амабалажа како предупредување има череп и две вкрстени коски.

Компанијата производител на ова кафе, која го носи исто име, „Смртна желба“, тврди дека нејзиниот производ е изработен од специјално кафе чие зрно содржи големо количество кофеин и на напитокот му дава „вкус на арабика со двоен ефект“.

Дури и по пржењето и мелењето кафето „Смртна желба“ не губи ништо од големата концентрација на кофеин, се наведува во соопштението на компанијата со седиште во Њујорк.

Компанијата дури тврди дека не секој купувач кој ќе најде кафе појако од нејзиното, ќе му ги врати парите дадени за купувањето на едно пакување „Смрттна желба“.

Едно пакување на ова кафе од 500 грама во супермаркетите во САД се продава за цена од 19,90 долари.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава