Златен волан за ŠKODA KAMIQ: новиот SUV на чешкиот производител ја доби една од најважните награди во Европа.
ŠKODA KAMIQ ја доби наградата „Најдобро возило под 25 000 евра“– една од 11 награди „Златен волан“ доделени од германското автомобилско списание Auto Bild и германскиот весник Bild am Sonntag. Според уредниците на списанието, KAMIQ го нуди најдобриот вкупен пакет меѓу сите нови изданија во својата категорија. Кристијан Струбе, член на Одбор за технички развој на ŠKODA, во вторникот вечерта го прими Златниот волан на гала настан во издавачката куќа Аксел Спрингер во Берлин.
„Задоволство ми е што го прифатив Златниот волан за ŠKODA KAMIQ во име на целиот тим на ŠKODA. KAMIQ ги комбинира најдобрите ŠKODA квалитети како што е извонреден простор и одличен сооднос цена-перформанси со експресивен, карактеристичен дизајн. Нашиот прв градски теренец го означува нашето влегување во еден интересен сегмент каде ги придобиваме атрактивните групи на клиенти“, објасни Кристијан Струбе, член на Одбор за технички развој на ŠKODA.
Педесет и осум модели, кои беа лансирани во изминатите дванаесет месеци и групирани во единаесет категории, се соочија едни против друг на доделувањето наградите „Златен волан 2019 година“. Уредниците за тестирање на Auto Bild беа одговорни да ги изберат победникот во категоријата „Најдобар автомобил под 25.000 евра“.
Тие зедоа предвид бројни каратктеристики, како што се управување, основна цена, стандардна опрема, гаранции и политика за опции и ја избраа ŠKODA KAMIQ како најдобра во својата класа. Жирито пофали неколку аспекти конкретно, вклучително и пространа внатрешност со компактни димензии, висок квалитет и одличен сооднос цена-перформанси.
Трет член на семејството SUV на ŠKODA
ŠKODA KAMIQ ја надополнува успешната SUV понуда на чешката марка на европскиот пазар од средината на 2019 година. Следејќи ги KODIAQ и KAROQ, ŠKODA сега влезе во брзорастечкиот сегмент на градските SUV возила. KAMIQ ги комбинира придобивките на SUV, како што е поголема висина и повисока положба на седење со агилност на компактно возило и емотивен дизајн типичен за ŠKODA.
Со најнапредни системи за помош при возењето, нов инфозабавен систем, огромна количина простор и бројни функции Simply Clever, ŠKODA KAMIQ ги исполнува барањата на семејствата и клиентите ориентирани кон животниот стил.
KAMIQ ја добива шестата награда на Златниот волан на ŠKODA
Bild am Sonntag го доделува Златниот волан од 1976 година и во партнерство со Auto Bild – најголем автомобилски магазин во Европа – од 2009 година. KAMIQ го освои шестиот Златен волан за ŠKODA, а ова е втор триумф во ред. Победите на ŠKODA започнаа во 1999 година со првата генерација FABIA; во 2007 година, неговиот наследник го повтори овој успех.
Втората генерација на OCTAVIA победи во 2004 година; втората генерација на SUPERB лансирана во 2008 година исто така освои Златен волан и KAROQ ја доби наградата во 2017 година.