Нови правила за избор на најдобра песна на Евровизија

Од:

Од годинава победникот на Евровизија ќе се избира според нови правила. Од сега секоја песна ќе се оценува, а изведувачите поради измените ќе мора подеднакво да и се допаднат и на жирито и на публиката.

Се очекува со измената да се намали „соседското“ гласање.

До минатата година пракса беше врз основа на мислењето на стручното жири и гласовите од публиката да се доделат бодовите само за 10-те најдобри песни.

Односно, на основа на мислењето на жирито 10-те најдобри композиции добиваа 12, 10, 8, 7 поени и така се до еден.

Истата процедура се повторуваше и врз основа на гласовите од публиката.

Од оваа година жирито врз основа на своето мислење ќе ги рангира сите песни (освен од својата држава), од најдобра (редно место 1) до најлоша (редно место 25).

Истата процедура ќе се повторува и за гласовите од публиката.

Редните места потоа ќе се соберат и песната која што има најмалку поени ќе добие 12 поени.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија