Нови методи за вонтелесно оплодување

Од:

Минатиот месец е родено првото бебе зачнато со користење нови техники на вонтелесно оплодување. Се очекува новиот метод да биде не само поуспешен, туку и поевтин, велат истражувачите.

Момчето е родено во јуни, во американската држава Пенсилванија, а неговата мајка е втора мајка која се подложила на процесот на снимање.

Таа техника, позната како „Next generation sequencing“ (NGS), користи евтино и модерно утврдување на редоследот на распоредувањето на елементите во ДНК да ги открие наследните генетски пореметувања, абнормалности во хромозомите, дефекти и мутации пред ембрионот да се постави во матката, пренесува Дојче веле.

– Вонтелесното оплодување, односно лабораториско оплодување на јајце клетки со сперматозоиди, има релативно ниски стапки на успешна бременост. Се уште не е познато поради што стапката на неуспех е толку висока, но генетските малформации се високо на листата „осомничени“ тврдат авторите на истражувањето кое е претставено оваа недела на годишниот состанок на Европското здружение за човечка репродукција и ембриологија (ESHRE) во Лондон.

– Многу ембриони настанати со вонтелесно оплодување немаат шанса да станат бебиња, бидејќи носат смртоносни генетски пореметувања, вели авторот на студијата Даган Велс од оксфордскиот Биомедицински истражувачки центар (NIHR).

– Нова генерација на распоредување ја унапредува нашата можност да ги воочиме тие пореметувања и да ни помогне да ги препознаеме ембрионите со најголеми шанси за одржлива бременост, изјави Велс.

Од ЕSHRЕ порачуваат дека една од шест двојки ширум светот најмалку еднаш во животот се соочиле со некој од проблемите на неплодноста. Исто така новата техника би можела да биде значително поевтина од актуелната технологија и да носи повеќе генетски податоци од претходните методи.

– Ние тоа можеме да го направиме двојно поевтино отколку што чини денес. А доколку следните тестирања го потврдат ова, би можеле да достигнеме точка во која би постоел многусилен економски аргумент понудата да стане широко распространета кај голем дел од пациентите што ќе се одлучат за ИВФ, истакна Велс.

Според него, методот почнал да се користи во генетските истражувања и дијагностиката, но се уште не и при снимањето на ембрионите. Тој потсети дека само еден обид за ИВФ според сегашните методи на откривање на генетски недостатоци во ембрионите чини повеќе од 2.300 евра.

– Новиот метод би требало да ги намали трошоците за неколкустотици фунти и потенцијално да донесе корист од снимањето на хромозомите на многу поголем број пациенти, рече Велс. Клиничките експерименти кои би требало да ја утврдат ефикасноста на новата техника ќе почнат подоцна оваа година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска