Нови лица во претпродолжението на „Игра на тронови“

Од:

Претпродолжението на „Игра на тронови“ полека ја добива својата форма, откако ХБО официјално ги објави имињата на осуммината нови актери и соработници кои ќе му се приклучат на проектот.

Имено, новата приказна на Џејн Гудман и Џорџ РР Мартин ќе ја режира Ес Џеј Кларксон, режисерот на наредниот филм од серијалот „Ѕвездени патеки“. Во актерската екипа пак, се вклучуваат Наоми Еки, Дениз Гаф, Џејми Бауер, Шила Атим, Ивано Џеремаја, Џорџ Хенли и Тоби Регбо, познати од повеќе филмски и телевизиски хитови.

Проектот е сѐ уште во претпродукција, а сѐ што се знае за содржината е тоа дека приказната е сместена илјадници години пред онаа во „Игра на тронови“.

Би можело да ве интересира

„House of the Dragon“ се враќа следната година, а ќе се чека на втората сезона на „The Last of Us“

Предраг Петровиќ

Писателот на Game of Thrones потпиша петгодишен договор со HBO

Ана Ололовска

„Game of Thrones“ се преточува во театарска претстава

Катерина Ѓуровски

Софи Тарнер си го зеде престолот од Game of Thrones

Ана Ололовска

Претпродолжението на „Game of Thrones“ како нова серија на HBO

Ана Ололовска

ВИДЕО: Питер Динклиџ ја доби четвртата, рекордна „Еми“ статуетка за машка споредна улога

Ана Ололовска