Нови докази за висока интелегенција на враните

Од:

Научниците открија нови докази за исклучителната интелигенција на враните.

Околу три илјади километри од источниот брег на Австралија се наоѓа идилично убава Нова Каледонија, но најфасцинантна работа на тие острови се враните.

Покрај  тоа што се најпаметните птици, можат да решаваат проблеми на ниво на седумгодишно дете, тие прават сопствен алат и знаат дека нивото на водата ќе се подигне ако во неа фрлите камен или некој друг предмет, пренесува РТС.

Враните во Нова Каледонија научниците ги проучуваат веќе подолго време и од неодамна открија нешто што до сега немаат најдено кај други животни.

Според „Њу сајантист“, враните користат дополнителна алатка за полесно носење на други предмети, на пример, со помош на дрвено стапче  пренесуваат метален орев.

Тоа е првпат некое животно да може еден предмет во друг да го пренесе на друга локација.
Една врана со помош на стапче пренела предмет кој бил преголем за да го носи во клунот, што значи дека алатката и го олесни контролирањето на предметот, напиша раководителот на истражувањето на Универзитетот Лунд, Иво. Ф. Џејкобс.

Научниците, сепак, напоменуваат дека станува збор за птици кои се излезени од заточеништво, па дополнителните истражувања се потребни за птиците во природата. 

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска