Новата „винстонка“ од пет фунти им создава проблеми на Британците

Од:

Новата британска банкнота од пет фунти, која е во оптек само половина година, почна да им задава проблеми на многу Британци.

Така, еден Индус вегетаријанец неодамна негодуваше затоа што полимерската банкнота во себе наводно содржи и свинска маст.

Меѓутоа, меѓу оние кои најмногу се жалат на банкнотата се корисниците на дрога, бидејќи пластифицирана банкнота им остава исекотини на носот кога со помош на неа се обидуваат да вшмркаат кокаин.

Тие дури смислиле и израз за тој начин на самоповредување, па така оној кој ќе се исече со оваа банкнота се вели дека се „винстондирал”, поради тоа што на неа се наоѓа ликот на некогашниот премиер Винстон Черчил.

Еден анонимен корисник на дрога од Бирмингем за весникот „Метро“ изјавил дека мислел оти тој е единствениот на кој тоа му се случува, но кога му се пожалил на пријател добил одговор дека „винстондирањето” е нешто што им се случува на сите.

Иако преволадуваше мислењето дека оваа банкнота, поради лесната свитливост, е добра за „шмркање“, сепак се покажа целосно спротивното.

Шмркајќи кокаин со банкнотата, корисниците исто така се изложуваат на ризик од многу инфекции, бидејќи самото шмркање на дрогата ја оштетува внатрешноста на носот и го изложува на инфекции.

Старата банкнота од пет фунти престана да важи минатата година. Новите полимерски банкноти кои се издаваат од септември минатата година, се сметаат за многу поиздржливи, по чисти и по тешки за фалсификување.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот