Новата година на Копакабана ќе ја дочекаат околу 3 милиони луѓе

Од:

Градските власти на Рио де Жанеиро соопштија дека за дочекот на Нова година очекуваат рекордни три милиони посетители на познатата плажа Копакабана и покрај безбедносните проблеми со кои се соочува Бразил.

Минатите години на дочекот на Новата година на Копакабана имаше околу 2 милиони луѓе кои го гледаа спектакуларниот огномет облечени во бело, според традицијата.

– Сакаме да се претставиме во најдобро можно светло. Очекуваме да има околу 3 милиони луѓе, изјави Марело Алвес од локалната власт.

На плажата ќе има повеќе од 1.000 полицајци кои ќе се грижат за безбедноста.

Според најавите огнометот ќе трае 17 минути, за што се предвидени околу 25 тони пиротехнички средства. Во градот ќе бидат поставени девет бини на кои ќе се менуваат пејачи и танчери.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск