Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена во август ќе добијат ќерка.
Тие не можат да ја скријат радоста што во нивниот дом по синот, ќе пристигне и едно девојче.
Имено, неодамна семејството Ѓоковиќ добило потврда од лекарот на Јелена дека таа е бремена со девојче.
Јелена и Новак се посреќни од било кога и уживаат во секој момент поминат заедно.