Нов метод на породување – мајка сама го извлекува бебето

Од:

Ерик Максимилијан на свет дојде на несекојдневен начин, мајката Оскана Кајзер лично со минимална помош од лекарите го извлече со раце од нејзиниот стомак.

Станува збор за нов метод на породување кој првпат во Европа е применет во болницата во германскиот град Бад Оајнхаузен, пишува германски „Билд“.

Мајката Оксана (30) нежно со рацете го фатила бебето, а потоа го повлекла под будното око на лекарот, кој со мал рез го отворил нејзиниот стомак.

Мајката само го извлекува бебето. Новиот метод на породување се вика „царски рез со помош на мајката“, процедура која во многу детали потсетува на стандардните. Мајката прима локална анестезија, а во породувањето се вклучува во завршниот момент кога бебето е подготвено да излезе од стомакот.

Доктор Манфред Шмит изјави дека најголем проблем за ова породување бил мајката да биде целосно безбедна и при породувањето да не дојде до пренесување на инфекции во отворената рана.

Породувањето на Оксана Кајзер минало без компликации. – За мене ова е вообичаено породување, бев многу среќна во тој момент, изјави таа.

Имено на Оксана Кајзер ова и беше петто породување, првото бебе го родила со царски рез, а наредните три деца ги родила по природен пат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска