„Ноќните волци“ од регионот на Балканско собрание во Охрид

Од:

Повеќе од 200 моторџии од Македонија, Србија, Бугарија, Романија, Црна Гора и Република Српска учествуваа на Балканското собрание на националните Одделенија активни во здружението  „Ноќните волци“ што викендов се одржува во Охрид.

На оваа средба, што периодично ја организираат „Ноќните волци“ надвор од сезоната односно кога нема услови за безбедно возење, се дискутираа повеќе прашања и теми од интерес на клубовите, како и за предвидени активности за тековната година.

– Зборувавме на теми како дисциплината во клубот, кодексот на моторџиите, едукација за помладите членови околу принципите на активност, кои се основните услови за членство, што ги претпоставува клубот. Имавме и едукативни средби посветени на безбедносниот аспект, со посебно внимание на опасните ситуации при возење во населени места и надвор, како и безбедно возење во група, истакна Ленин Јовановски, претседател на Одделението на „Ноќните волци“ за Македонија и претседател на регионалниот сојуз.

Зборувајќи за нивните активности како патриотски клуб, Јовановски истакна дека на задоволство на членството потврден е јасниот став на нивното здружение за меѓусебната поддршка на активностите на националните одделенија.

–  Ние покрај што сме моторџии, ние сме патриоти и наша основна цел преку активностите е обединувањето на православјето. Наша должност потврдена преку клубското правило е да придонесуваме за решавање на сите проблеми што задираат во нашите патриотски и традиционални вредности што ги негуваме и тука сме единствени, рече Јовановски.

Претседателот на Одделението на „Ноќните волци“ од Србија, Саша Савиќ истакна дека една од заложбите преку нивното делување е да се работи на демистифицирање и разбивање на стереотипите на поврзување на нивните активности со криминални дејности како насилство, рекет, недозволена трговија со дрога, оружје и слично.

– Идеологијата на „Ноќните волци“ е да се разбива токму тој стереотип дека моторџиите се грди, злобни, гнасни. Ги почитуваме сите закони и народите на териториите каде гостуваме, а љубовта кон моторите е наша пасија, наш стил на живот. Наши заложби се да се остави знак, печат дека сме чесни, искрени, луѓе кои ги вреднуваат туѓите традиции и вера, но и да ги почитуваме своите, рече тој.

Бојчо Лештански, претседател на Бугарското одделение на „Ноќните волци“, истакна дека соработката на одделенијата на „Ноќните волци“ се темели врз братска основа.

– Каде и да се наоѓаме во државите каде има наши членови, ние се чувствуваме како дома. Меѓу нас си помагаме, зависно од можностите, а сметам дека доволно сме препознатливи преку нашите обележја дека се дистанцираме од какви било криминални активности, рече Лештански.

За бројот на нивното членство тие велат дека тоа е тајна на нивното братство, дека ги има во доволен број со забелешка дека нивните активности се препознатливи преку квалитетот, а не квантитетот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукање меѓу моторџиски банди во САД: На собир на речиси 30.000 моторџии, најмалку три лица загинаа

Горан Наумовски

Вчера полицијата казни 113 возачи на мотоцикли

Моторџија од БиХ повреден на автопатот кај Петровец

Две деца повредени во несреќен случај во Штип

Горан Наумовски

Моторџија од Кичево заврши во болница

Горан Наумовски

Казнети 237 моторџии низ цела држава

А1он