Република Турција соопшти дека нема да учествува на 58. музички натпревар Евросонг 2013 година, кое ќе биде одржано во шведскиот град Малме, јави Anadolu.
Како што е соопштено од Радио-телевизија Турција (TRT), привилегираните земји Велика Британија, Германија, Франција, Шпанија и Италија, по минатогодишната промена на правилата според кои влијанието од телефонското гласање на финалниот резултат е намалено за 50 отсто, а зголемено е влијанието на жирито, постојаните членки, покрај тоа што не го поминуваат полуфиналето, директно одат во финале, имаат повластена улога во финалната вечер.
Според Турција, таквиот пристап на натпреварувањето е неправедно кон останатите учесници.
На одлуката да не се учествува на Евросонг на турција влијаеле и одлуките на некои други земји кои се откажаа од финансиски причини.
Пред Турција, и БиХ, Грција, Полска, Португалија и Словачка, исто така се откажаа од учеството.
Се очекува уште неколку земји да се откажат поради финансиската криза.