Невина жена помина 43 години во затвор: Сандра Хем е најдолго неправедно затворена жена во Америка

Од:

САндра Хем помина 43 години во затвор, а потоа судот во Мисури ја прогласи за невина. Таа е најдолго неправедно затворена жена во Соединетите Американски Држави.

Судија на окружниот суд во Мисури утврди дека има „јасни и убедливи“ докази дека Сандра Хем е невина и на тој начин ја поништила нејзината пресуда за убиство, поради што беше осудена на 43 години затвор.

Сандра Хем (63) во 1980 година е осудена на доживотен затвор за убиство на библиотекарката Патриша Јешка, откако дала инкриминирачки изјави во полиција додека била психијатриска пациентка, пренесува Гардијан.

Судијата Рајан Хорсман пресуди дека убиството на библиотекарката е вина на сега починат полицаец, кој подоцна завршил во затвор за друго кривично дело, а Хем мора да биде ослободена во рок од 30 дена.

Пресудата дојде откако правниот тим на Хем во јануари презентираше аргументи и докази во случајот со најдолгото затворање на невина жена во историјата на Соединетите држави.

Како што е наведено, Сандра Хем од 12-годишна возраст е на психијатриско лекување поради аудитивни халуцинации, а подоцна и поради употреба на дрога.

Адвокатскиот тим на Хем тврди дека полицијата ја злоупотребила нејзината ментална болест и ја натерала да дава лажни изјави додека била под дејство на лекови.

Тие тврдеа дека полицијата прикрила докази кои укажуваат на Мајкл Холман, 22-годишен офицер во тоа време, чиј автомобил бил пронајден во близина на местото на злосторството и кој ги поседувал обетките на жртвата.

Хем прво се изјасни за виновна за убиство на библиотекарката за да избегне смртна казна во 1980 година, по што пресудата беше поништена, но таа беше повторно осудена во 1985 година врз основа на истото признание.

„Во некои моменти била под дејство на толку многу лекови што не можела да ја држи главата и била врзана за стол“, велат нејзините адвокати.

Тврдат дека при признанието под дејство на дрога дала контрадикторни и „фактички невозможни“ изјави, кои потоа судот ги игнорирал.

Холман, кој почина во 2015 година, тогаш беше испрашуван од полицијата, но голем дел од доказите за време на истрагата против него никогаш не беа предадени на адвокатите на Сандра Хем.

Судијата Хорсман во пресудата наведе дека „судот утврди дека доказите директно го поврзуваат Холман со ова кривично дело“.

Би можело да ве интересира

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Во кумановскиот затвор се самоуби убиецот на Танкица Маладеновска од Кочани

Осуден на 10 години затвор, избегал и повторно крадел – уапсен криминалец баран по централна потерница

Данска ќе испраќа затвореници во Косово

Горан Наумовски

Јонузи: Вработени во затворот „Идризово“ завршија на Токсикологија по пожарот во женското одделение

Орце Костов