Додека целиот скандал со разголемите фотографии на Принцот Хари сеуште се врти по медиумите, а на дворот ги истражуваат околностите под кои се случило се, креативни поединци се разиграа со „Фотошопот“ на тема „Принцот и кралското семејство“.
Една од тие фотографии е и семејната на кралското семејство на која принцот е „уфрлен“ гол.
На принцот му е советувано дека мора да се смири, а во склоп на тоа да ја намали и активноста на Фејсбук каде што има околу 400 пријатели.
Принцот го избриша својот профил под името Spike Wells, а истото го направија и неговите двајца пријатели Tom ‘Skippy’ Inskip (25) и Arthur Landon (30), од кои првиот беше со него во Лас Вегас.