Непријатни прашања на децата: Што е тоа секс, како настануваат бебињата…

Од:

Мамо, како настануваат бебињата? Што е тоа секс? Зошто така неубаво зборуваш за љубовниците? Тато дали баба ја болат брчките? Зошто водата е влажна? Зошто луѓето умираат? На прашањата на децата им нема крај, како што им нема ниту на воздишките на родителите, кои мошне често остануваат збунети пред ваквите прашања.

Колку пати сте биле затекнати, бидејќи детето сакало да дознае нешто за што сте немале одговор или тој би бил несоодветен за негова возраст? Дали поради тоа сте го излажале, само за да го замолчите, мислејќи дека со тоа сте завршиле? Доколку сте го сториле тоа сте направиле голема грешка, на која би ви забележал секој експерт.

– Детето е тука за да поставува незгодни прашања, а ваше е да смислувате паметни одговори, советува психологот Снежана Мрдаљ.

Тоа значи дека не смеета да го лажете, а уште полошо е да одмавнете со раката и да му кажете дека прашува глупости, бидејќи тоа кога тогаш ќе ви дојде на глава. Наместо тоа обидете се најискрено да му кажете, но сепак сето тоа прилагодено на возраста, дека бебињата настануваат кога родителите многу се сакаат или дека луѓето умираат бидејќи на другиот свет ги чека нешто убаво.

Доколку кажете нешто што е предалеку од вистината, а детето потоа тоа да го повтори пред други, може да биде исмевано во друштвото, што ќе му ја намали самодовербата. Доколку сосема го игнорирате ќе ја задушите неговата љубопитност.

Љубопитноста интензивно се буди околу третата година, кога децата почнуваат да го истражуваат светот околу себе. И тогаш прашања природно се појавуваат, што е знак дека детето се развива, поради што не смеете да му ги сечете крилата и да му ја одземете можноста да се збогати со нови знаења.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска