Организацијата „Еволве“ покрена интересна рекламна кампања, чија цел е безбедна употреба на оружјето, а воедно и да ги предупреди родителите.
„Ако ги најдат, ќе играат со нив“, е слоганот на рекламната кампања на „Еволве“.
Во кампањата учествуваат група деца, а порката е дека децата во домот можат да најдат многу „интересни“ работи, за кои постојат големи шанси дека од љубопитност ќе ги пробаат или со нив ќе играат, што во случајот со оружјето може да биде многу сериозно и опасно, па дури може да доведе до голема трагедија.
Кампањата им порачува на родителите, доколку имаат дозвола за поседување оружје да го тргнат на безбедно место, далеку од децата.