„Немирен“ фустанот на принцезата Кејт

Од:

На Војвотката од Кембирџ, принцезата Кејт никако не и поаѓа од рака да ја задржи облеката на себе. По “разголените“ фотографии, на кој принцезата покажа дека кога мисли дека е на само со својот Вилијам, сака да се сонча топлес, на своето враќање од Западниот Пацифик, на бризбејнскиот аеродромот во Австралија за малку ќе останеше и без своето здолниште.

Немирниот „фустан“ на принцезата испровоциран од австралискиот ветар, за малку да открие повеќе отколку што требаше.

Иако модните критичари и оддадоа признание на Кејт, дека за време на турата низ Пацификот, таа не направи ниту една “модна утка“, таа за “влакно избега“ пред насобраните на аеродромот да остане само по долна облека.

Иако на австралиско тло останаа едвај два часа, од каде веднаш со директен лет се упатија за Англија, Кејт успеа од “палавиот“ фустан да се пресоблече во џинс и бела блуза.

Во меѓувреме францускиот правен систем води битка да дознае кој е фотографот на “разголените“ фотографии на Кејт. Во меѓувреме спорот кој го поведе принцот Вилијам останува насочен кон непознат сторител.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство