Секоја девојка се прашува дали нејзиното момче ќе биде супер татко. Одличен знак е ако генерално сака деца, а посебно ако е подготвен за тоа да разговара. Но, има и помалку очигледни сигнали кои покажуваат дали тој ќе биде добар татко.
Внимателен е кон вас
Забележува кога сте уморни и се нуди да ве измасира, да подготви вечера… Убаво е ако сам се сетил тоа да го направи без вие да му кажете. Значи мажот се грижи за потребите на другите. Тоа е добро бидејќи децата бараат константно внимание додека се мали.
Не се плаши да покажува нежност
Ве држи за рака во јавност, знае да ве помилува на поминување. Тоа се ситни знаци на љубов што покажуваат дека е во состојба да се носи со сопствените емоции и не се плаши од блискост, што е предуслов за родителство.
Може да поднесе стрес
И покрај тоа што бебето е извор на љубов исто така, знае да предизвика стрес пред се, во прво време додека не добиете на рутина. Добро е ако тој во стресните ситуации се однесува разумно и ги има работите под контрола отколку да покажува бес или да се однесува како ништо да не се случило.
Не е скржавец
Неговата реакција на дај ми залак може да ви укаже на тоа како ќе се однесува кога ќе добие дете. Важно е лицето со кое планирате семејство да не биде егоист, дури и кога се во прашање ситници.
Стабилен е
Кога ќе каже дека нешто ќе направи, значи и дека ќе го направи. Ако не морате да го потсетувате на договорот што сте го имале, уште подобро.
Имате искрен однос
Среќни сте заедно, вашата врска е стабилна и без непотребни конфликти. Ако се сакате и ако можете да разговарате за се и нема нешто што вие двајцата не можете заедно, тогаш нема да ви биде тешко и кога ќе бидете тројца.