Иако на прв поглед, мажите изгледаат како прилично едноставни, сепак постојат „неколку“ работи што треба да ги знаете, ако сакате подобро да ги разберете.
1. Мажите не се видовити, зарем ќе „умрете“ ако му кажете што навистина мислите?
2. Не сакаат да бидат искористени како „пешаци“ во обид некој друг да се направи љубоморен.
3. Посилниот пол својата врска може да ја сфати сериозно и да стане многу посесивен. Бидете внимателни.
4. Најмногу ги возбудва девојка која вежба.
5. Жените кои не сакаат да ја слушнат вистината, не треба да поставуваат прашања на кои бараат искрени одговори.
6. Завршувањето на тежок разговор со „добро“ или „како и да е“ не се смета за прифатлив.
7. Ако сакате секс, само побарајте.
8. Не очекувајте да ви ги кажат оние „слатки“ зборови како што тоа го прават мажите во филмовите.
9. Само машките модели можат да ги носат повеќето од работите што ги гледате во модните магазини.
10. Оној кој ве љуби сака да биде единствениот маж со кој ќе разговарате.
11. На мажите често морате да им докажувате дека се уште ги сакате.
12. Мажите се поемотивни отколку што мислите. Ако ве сакал во одреден момент, ќе му биде потребно многу повеќе време отколку што мислите за да ве заборави и ќе го боли секоја секунда.
13. Ќе направи речиси се за да го забележите.
14 . Тој не губи време за ситници. Ако сте ја скратиле косата за 2 сантиметри, не очекувајте да забележи.
15 . Мажите сакаат порно!
16. Она што го рекол пред шест месеци не може да послужи како аргумент за расправија.
17. „Гледам натпревар“ е прифатливо оправдување за одложување на секој сериозен разговор.
18. Готвењето ја прави жената попривлечна.
19. Не треба да се лутите ако одбие да ја запознае вашата „грда“ другарка со еден од неговите најкул пријатели.
20. Ништо не ви дава право да управувате со далечинскиот управувач.
21. Единственото нешто што треба да се каже после секс е „добра ноќ.“
22. Критиката за неговото возење е неприфатлива.
23. Излегувањето со неговите другари е света работа. За тоа не се поставуваат прашања.
24. Верувале или не, 99,5 % од времето тој нема намера да ги повреди вашите чувства.
25. Мажите мразат кога зборувате за својата поранешна љубов.
26. Ако тој зборува за неговите проблеми, значи му треба само некој да го слуша. Не мора да му се даде совет.
27. Докажува дека ве сака со тоа што ве „закачка“.
28. Тој ве сака повеќе отколку што вие го сакате него.
29. Без разлика колку мажите зборуваат за сексапилот, сепак она што тое го бараат е личноста.
30. Кога тој ќе рече дека луд по некоја жена, навистина е. Ваквите зборови не е изговараат лесно.
31. Ако почне да се зборува сериозно, слушајте го внимателно. Тоа не се случува често и треба да знаете дека во прашање е нешто сериозно.
32. Еден маж има повеќе проблеми отколку што може да се види со голо око.
33. Ви се допаѓа кога тој ќе ве однесе на вечера и ќе ја плати сметката, нели? Е па, и нему би му се допаднало кога вие би го направиле истото.
34. За мажите е многу природно очите да му „лутаат“.
35. Не дека тој не сака да бидете среќни, но понекогаш не знае како да го направи тоа.
36. Ќе ја даде десната рака само да може да дознае барем за еден ден што се случува во женската глава.
37. Не се сите мажи будали. Само затоа што еден од нив бил будала, не значи дека тој ги преставува сите.
38 . Кога тој го жртвува својот сон и здравје за да биде со вас, не го прави тоа само заради секс. Тоа значи дека тој всушност сака повеќе отколку што вие можете да замислите.