Неколку причини зошто да консумираме грозје

Од:

Грозјето е многу вкусно и здраво овошје кое не само што освежува, туку се користи и како природен лек за чистење на крвта, за регулирање на варењето на храната, за отстранување на масните наслаги од телото, за лекување на воспалителни процеси на органите за варење, како и за ублажување на ревматските тегоби и кожните алергии.

Свежиот сок од грозје е богат со витамини А, Б и Ц и со разни минерали. Покрај останатите, грозјето во голема количина содржи: јаглехидрати, хидратантни влакна, витамини Б1, Б2, калиум, калциум, железо и фосфор. Грозјето дејствува како природен тоник на организмот, а освен тоа е и извонредно хранливо овошје. Поради разните антиоксиданти кои ги содржи грозјето, ова овошје има силно дејство против бактериите, вирусите, воспаленијата и алергиите.

Грозјето може да помогне во контрола на крвниот притисок. Тоа се препорачува против лоша циркулација, а помага и при забавувањето на стареењето, односно ја спречува деменцијата и дегенеративните хронични болести.

Црното грозје би требало да се јаде поради хранливите состојки, најмногу калиум, витамин Ц, Б1 и Б6 и манган. Тоа изобилува и со флавоноиди, од кои најважни се кверцитин и резвератрол. Тие го намалуваат згрутчувањето на крвта и нивото на „лошиот“ холестерол. На тој начин го смалуваат и ризикот за кардиоваскуларни болести.

Консумирањето на црното грозје го зголемува нивото на хормонот мелатонин, кој е неопходен за добар сон.

На грозјето може да се смета како производ кој е од исклучителна вредност за нашиот организам, со негова честа консумација ќе се почувствувате добро и ќе ја одржите добрата форма на телото, бидејќи во него се содржат сите хранливи материи кои му се потребни на телото да функционира беспрекорно. Грозјето треба да се јаде полека, за подолго да уживаме во неговиот вкус, а по можност треба да се консумираат и лушпата и семките, бидејќи го подобруваат варењето на храната. Грозјето го освежува организмот со материи кои се од животно значење.
Лушпата на црното грозје содржи големи количини на резерватол, кој позитивно влијае на моторните и менталните функции на мозокот и го намалува ризикот од мозочен удар. Исто така, резерватол ја одржува и флексибилноста и здравјето на срцевиот мускул.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска