Некои од скриените предизвикувачи на АДХД

Од:

Лицата, кои имаат АДХД го развиле уште во раното детство, а научниците сметаат дека причината за тоа е комбинација од гени, исхраната и околината во која децата растат.

Голема улога може да има и воспитувањето и родителскиот третман.

Одредени експерти длабоко веруваат дека дел од причината за хиперактивноста кај децата се наоѓа во негрижата на нивните родители, како и во лошиот начин на однесување со децата. Наместо лекови, велат експертите, би било добро децата заедно со родителите да посетуваат курсеви за контрола и управување со однесувањето.

Неодамна е откриено и големото влијаие на прехранбените продукти и нивите состојки на развојот на АДХД. Дека храната треба да биде органски произведена потврдува и канадското истражување, кое ја пронајде врската меѓу изложеноста на пестициди и АДХД. Освен тоа британските научници утврдија и дека одредени бои, кои се користат во прехраната дејствуваат како предизвикувачи на симптомите во подгрупата на децата, кои имаат генетски предиспозиции.

Во Велика Британија, а потоа и во Европската унија произведувачите на храна беа поттикнати доброволно до крајот на 2009 година да ги исфрлат од употреба најчестите вештачки бои за храна (Е 110, Е 104, Е 122, Е 129, Е 102, Е 124). Доколку храната сепак ги содржи мора да биде истакнато предупредување.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска